Утре во 12:00 во Законодавниот дом ќе се одржи свечена седница на која новата претседателка на Македонија ќе даде заклетва и ќе биде инаугурирана.
Државната изборна комисија денеска и издаде Уверение, а со тоа и официјално според резултатите од претседателските избори одржани на 24 април и 8 мај, Силјановска-Давкова е избрана за нова шефица на државата
Веднаш по оваа церемонија, во Вила Водно Силјановска ќе го преземе мандатот од досегашниот претседател Стево Пендаровски и ќе имаат тет – а – тет средба.





