„Во рамки на регионалната соработка во областа на безбедноста заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Хисени утре, на 31 јули ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла. На оваа средба ќе се разговара за продлабочување на соработката во областа на безбедноста, спроведувањето на договорите и протоколите за соработка во служба на граѓаните на двете пријателски земји.“ – објавија информативниот портал „Алмакос“ и информативната агенција Илирија-ИНА.
На средбата ќе стане збор и за сегашните случувања, но и за олеснувањето на слободното движење на лица, што претставува темелна европска слобода, особено во време кога се случува поголем проток на печалбарите на граничните премини.
Home Македонија Утре заменик-министерот за внатрешни работи на РМ Хисени ќе разговара со косовскиот...





