Советот на Општина Велес, на денешната седница, донесе едногласна одлука, утрешниот ден – 18 октомври – да го прогласи за Ден на жалост по трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври година, на автопатот Скопје-Велес.
Загинатите се А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес.
Лицата кои се здобија со тешки телесни повреди се возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41).
На Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, се одложуваат.
Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика.






