Уставниот суд може да го спречи криминалниот план на СДСМ, ДУИ и Села за прием на идни судии и обвинители во Академијата која ја води тим близок на СДСМ и ДУИ.
Македонски адвокат ја оспори правната ситуација во која за прием на идни судии и обвинители се потребни можни 105 поени а законот вели дека максимален број на освоени поени е 100.
Адвокатот Александар Огненовски на Уставниот суд му дава можност да го спречи криминалот направен од структури во академијата кои заедно со СДСМ, ДУИ и луѓе блиски на Зијадин Села сакаат да постават идни судии и обвинители спротивно на закон со цел во иднина тие да ги бранат за направените кршења на законот.

Адвокатската канцеларија Огненовски поднела Иницијатива за оценување на уставноста на членот 2 став (1) од Законот за изменување и
дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители објавен во (Службен весник бр.53/2024, во изменетиот чл.45 )
со Предлог за донесување на
РЕШЕНИЕ
За запирање од извршување на сите акти и дејствија што се превземаат врз основа на членот 2 став (1) од Законот за Академија за судии и јавни обвинители, чија уставност се
оценува, до донесување на конечна одлука.
Според претставката до Уставниот суд со донесените измени на Законот за Академијата за судии и јавни
обвинители предвидени во членот 45 директно се крши владеењето на правото, како една од темелните вредности на уставниот
поредок предвидено во членот 8 став (1) алинеа З од Уставот на Република Македонија.
Со ова поведение се создава ситуација на правна несигурност кај учесниците /кандидатите при пресметување на конечните бодови и утврдување на нивната конечна оценка, како и повреда на членот 32 став (2) од уставот, каде е предвидено дека на секого под еднакви услови му е достапно секое работно место.
Уставниот суд сега треба да го поништи законот имајќи го во предвид фактот дека согласно член 50 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, по завршување на постапката за приемен испит и со стекнување на статус на слушател на почетна обука, се заснова работен однос на определено време.
Уставниот суд по оваа претставка ќе нема алиби доколку дозволи кршење на закон со цел СДСМ и ДУИ да добијат свои судии и обвинители.






