Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва во гостување на ТВ21 изјави дека Уставен суд одамна требаше да го укине балансерот.
Вели дека не може занимање да биде Македонец, Турчин, Ром.
„Сите ги упатувам најпрво, бидејќи се повикуваат на изворот – Охридскиот Рамковниот договор уште еднаш да го препрочитаат. Таму јасно пишува дека кога зборуваме за администрација и вработување првиот критериум е стручност и компетентност, и велат дека покрај нив, треба да се почитува и основното начело на правичност и соодветна застапеност“, рече Сиљановска Давкова.
Таа додаде и дека самиот збор балансер за неа е спорен.






