Уставниот суд на Хрватска денеска донесе одлука околу најавената кандидатура на претседателот Зоран Милановиќ на претстојните парламентарни избори на листата на СДП.
Милановиќ не се откажува од претседателската функција, но и од намерата да биде иден премиер
Милановиќ деновиве изненади со најавата дека како претседател на Републиката ќе биде кандидат за премиер, а по победата на СДП на изборите и по конституирањето на новото свикување на хрватскиот Сабор ќе се повле од функцијата Претседател на Републиката…
„Откако ќе го соберам мнозинството претставници, ќе побарам од в.д. претседателот на Републиката да ми го довери мандатот за формирање на новата Влада на Република Хрватска“.
„Уставниот суд на седницата ја разгледа изјавата на Милановиќ дека ќе се кандидира како независен и непартиски кандидат на СДП.
…Во членот 96 е определено дека (претседателот) не може да врши друга јавна должност и поднесува оставка.
Претседателот е непартиско лице и не смее да учествува во партиски активности. Тој не смее да биде ни на листите за идни пратеници, оценил Уставниот суд.






