Охридскиот адвокат Војо Димовски кој порано беше јавен обвинител дава свој придонес во дебатата за тоа дали треба да им се прогледува низ прсти на младите луѓе кои прв пат прават криминал.
Адвокатот обзнанува случај од времето кога бил обвинител во кој се работи за лице на слична возраст како сега актуелниот возач убиец на Фросина Кулакова, Васил Јованов.
Споделеното искуство на Димоски е корисно и за родителите и судиите и за сите блиски на млади криминалци.
Во неговиот случај не само што криминалецот не се поправил туку подоцна направил друго невидено злосторство.
,,Бев тазе избран обвинител. Дента завршивме судење, а обвинетиот според сите докази им имаше овозможено на неколку негови врсници да употребат хероин кој претходно тој го набавил. Сите имаа по едвај дваесет години. Неколку дена откако ја примив пресудата со која обвинетиот доби условна казна, на врата ми дојде една жена која се претстави како негова мајка. Побара од мене да не сум се жалел за пресудата. Детето било добро и ова било некаква завера против него. Ја испратив со совет да ги отвори очите и да не му верува премногу на нејзиниот син.
Апелација ја потврди условната пресуда.
Неколку години подоцна, на дежурство полицијата ме извести дека истиов овој, откако не му дала пари за да купи дрога, си ја завиткал во тепих едвај подвижната баба, го полил со бензин тепихот и го запалил.
Еден колега, Бог да го прости, секогаш велеше дека најтешко од се е да бидеш добар родител.
Тежината се состои во одбирањето на размерот помеѓу гушкањето и строгоста!
Бог да нѝ помага на сите”, пишува адвокатот Димовски за своето искуство со третман на млади луѓе кои грешат со законот по прв пат.
Спротивно на ова и слични мислења други адвокати и судии сметаат дека за луѓе со прво кривично дело многу полошо е да влезат во затвор каде би биле целосно уништени за нормален живот.
Најчитани статии
Неверојатно!
Ништо не учиме од маката што ја живееме






