Ообилен дожд ги поплави патиштата и ги затвори аеродромите во Флорида дури и пред ураганот „Хелена“ да дојде на копно.



Најмалку три лица загинаа.

Последиците ќе бидат познати наутро бидејќи ураганот околу полноќ ја напуштил областа и се упатил кон Џорџија.

Бурата стана ураган од четврта категорија со ветрови од 215 км/ч.

На жителите им беше препорачано да се евакуираат, а тие беа предупредени дека обилните дождови можат да предизвикаат поројни поплави во некои области.