Ураганот Ирма го опустоши островот Барбуда на Карибите, жестоката бура го „згасна” животот и го претвори убавиот остров во Алантикот во место непогодно за живење.
Штетата е целосна, изјави Роналд Сандерс, амбасадорот на Антигва и Барбуда во САД. Тоа е хуманитарна катастрофа.
За прв пат по 300 години, на островот Барбуда нема ниту еден жив човек, цивилизација што постоела на тој остров близу три века, исчезна, пренесува Си-Ен-Ен.
Државата Антигва и Барбуда, лоцирани југоисточно од Порто Рико каде што се среќаваат Атлантскиот Океан и Карипското Море, доби сувереност во рамките британскиот Комонвелт во 1981 година.
Нејзиното население во јули годинава беше проценето на 94.731 жители, од кои 97 отсто населени на Антигва.





