Управниот суд ја отфрлил тужбата против ВМРО-ДПМНЕ од Оливер Андонов кој тврди дека зад себе има фракција а е познат како министерот за пола ден.
Управниот суд одлучил дека тужбеното барање на Андонов според кое при кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова за претседател било направена повреда на статутот нема никаква основа.
Според одлуката на судот тврдењето на Андонов се одбива како неосновано а кандидатурата на Силјановска е согласно законот и статутот на партијата.
За голем дел од јавноста тужбата на Андонов која е од интерес на СДСМ и ДУИ беше обид да се направи смут во јавноста во врска со кандидатурата на Силјановска што Управниот суд со брза одлука го спречи.
Тужбеното барање на Андонов беше искористено и од Левица чиј лидер за случајот обвини правници од ВМРО-ДПМНЕ дека не го знаеле законот и статутот.
Апасиев засега не се извинува за обвинувањата кои според одлуката на Управниот суд се лажни.






