Управниот суд вечерва ја објави пресудата со која е спречена политичка хаварија во правосудството.
,,Тужбата на тужителот Јавна установа Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев„ Скопје, изјавена против Одлуката бр.12-1330/56 од 20.04.2024 година на Државната комисија за спречување на корупцијата, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА”, стои во пресудата на судот.
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 22.04.2024 година во 22.00 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.81/24, оформен по тужба поднесена од Јавната установа Академија зa судии и јавни обвинители “Павел Шатев” од Скопје, против Одлука бр.12-1330/56 од 20.04.2024 година на Државната комисија за спречување на корупција, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука:
Во име на граѓаните на Република Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Јавна установа Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев„ Скопје, изјавена против Одлуката бр.12-1330/56 од 20.04.2024 година на Државната комисија за спречување на корупцијата, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
II
Р Е Ш Е Н И Е
Барањето на тужителот за надомест на трошоците во постапката, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.
Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена во текот на утрешниот ден на Судскиот портал.
Силјановска спречи обид на СДСМ и ДУИ да го доразурнат правосудството






