УНИ Банка ја подобри својата пазарна позиција во условите на остра конкуренција во сегментот на средни банки. Растат нето приходите од камати, зголемени се оперативните приходи, а расте и добивката. Задоволни се и вработените затоа што лани добија милион евра повеќе од тоа што им беше исплатени во 2023 година. При тоа УНИ Банка го зголеми кредитирањето за 9%, а го одржа нивото на депозити на речиси идентично ниво како и во 2023 година
УНИ Банка во 2024 година остварила 26,6 милиони евра оперативни приходи од своето работење. При тоа доминантно учество во структурата на приходи имаат нето приходите од камати кои изнесуваат 19,6 милиони евра и бележат благ раст во однос на претходната 2023 година.
Кај втората по големина приходна ставка има благо намалување во споредба со претходната година и тоа се должи на растот на расходите за провизии и надоместоци. Нето приходите од провизии и надоместоци за 2024 година изнесуваат 4,58 милиони евра.
Нето приходите од курсни разлики се најмала од приходните ставки на УНИ Банка и изнесуваат 732.000 евра.
Значаен раст на приходите лани во споредба со 2023 година банката остварила кај останатите приходи и тоа заедно со нето приходите од камати придонело за раст на профитот во споредба со претходната споредбена година.Од останати приходи УНИ Банка лани остварила 1,7 милиони евра што е за 50 отсто подобар резултат од претходната година.
Нивото на резервации на кредитните пласмани бележи многу благ раст во споредба со претходната година. За нив УНИ Банка на крај на 2024 година издвоила 4,88 милиони евра.
Вреди да се истакне тоа што УНИ Банка лани посветила големо внимание на тоа нејзините вработени да бидат задоволни и со тоа да бидат и лојални на компанијата. За нив банката лани издвоила еден милион евра повеќе од 2023 година. Поточно издвоила 7,6 милиони евра или 15 отсто повеќе од претходната споредбена година. Воедно трошоците за вработените се најголема ставка со расходната структура на УНИ Банка.
Линк до целата анализа на Фактор.мк.







