Уништени над 300 килограми отровна храна – какво месо всушност јадеме?!

Уништени над 320 килограми храна која влегла во Македонија. Агенцијата за храна и ветеринарство казни 14 месарници поради утврдени недоследности во работењето. Освен решенија, месарниците добиле и казни од 8.350 евра, вели за МТВ директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Оливер Миланов. Некои од месарниците ставале во промет небезбедна храна, а други немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените. Од Групацијата за производство на месо и преработки од месо велат дека ваквите контроли се добри и треба да се прават често. Апелираат до сите потрошувачи да не купуваат замрзнато месо оти често пати е со сомнителен квалитет.



  • „Како Здружение, препорачуваме користење на свежо свинско месо од домашно, проверено потекло – со јасна траса, контролирани услови на чување и целосна безбедност. Особено важно е да се внимава на декларациите, рокот на употреба и температурниот режим, бидејќи лесно расипливите производи со сомнително потекло можат да претставуваат сериозен ризик по здравјето. Со изборот на домашно месо се обезбедува поквалитетен производ и се поддржува економијата“, вели Ненад Стојанов од Здружение на одгледувачи на свињи.

Агенцијата за храна и ветеринарство се соочува со недостаток на инспектори, што го отежнува спроведувањето на редовните контроли на безбедноста на храната. Во пензија лани отидоа десетина инспектори. За целосно покривање на пазарот, недостасуваат најмалку 25 професионалци. Од АХВ велат дека вакви контроли ќе има и во следниот период, се со цел да се спречи продавање на небезбедно месо, кое цели да заврши на домашните трпези.