Замислете, Универзална сала има Управен одбор! Во нашата држава управен одбор може да има и нешто што воопшто не постои и функционира, вели Бобан Милошески од Продукцијата Авалон, кој во интервју за Прес 24.
Милошески потсетува дека „Универзална не работи десетина години, но инстовремено институцијата Универзална сала функционира.
„Уште се плаќаат кирии за канцелариите во кои се сместени директорите и останатите вработени.
Се разбира, во оваа прилика сакам да нагласам дека немам ништо против вработените во Универзална сала, но каков е тој систем на одговорност во кој Град Скопје наместо да направи нешто за едно година и вработените и салата да работат, да стопанисуваат и да бидат во служба на своите работни места, тие примаат плата за да не одат на работа затоа што салата не работи“, вели Милошески за Прес 24.






