Унгарскиот портал Делхир.инфо објавува дека македонската влада и покрај поддршката од САД и ЕУ се плаши од ново вето од страна на Грција, во нејзиниот најнов обид да влезе во НАТО и да почне преговори со ЕУ.
Проблемот со планот на Македонија е што Грција смета дека има само една Македонија која што е лоцирана во Северна Грција, пишува унгарскиот медиум, според кој Македонците се надеваат дека постои компромисно решение за името кое што тие сами би го дале.
Едното решение е Горна Македонија за целосно затворање на проблемот, а второто е Поранешна Југословенска Република Македонија со кое би се влегле во НАТО.
Унгарскиот портал пренесува дека според министерот Никола Димитров, граѓаните на референдум ќе одлучат за ова прашање.
Унгарските медиуми, иако нивната земја важи за силен поддржувач на Македонија во ЕУ, многу ретко пишуваат на оваа тема.



