Највисокиот суд на Европската унија донесе одлука Унгарија да плати казна од 200 милиони евра поради непочитување на политиката за миграција и азил, пренесува Дојче веле.



Земјата на Виктор Орбан, најголемиот застапник на антимиграциската политика во ЕУ, треба да плаќа по милион евра дневно додека не ги исполни тие услови, за што е и казнета.

Европскиот суд на правдата (ЕСП) денеска пресуди дека Унгарија мора да плати паушал од 200 милиони евра и парична казна од 1 милион евра дневно доцнење поради непримена на мерките што се бараат од неа во врска со миграциската и азилантската политика.

Судиите во Стразбур во декември 2020 година рекоа дека Унгарија не го почитувала правото на ЕУ за третман на мигрантите и и наредиле да спроведе промени.

Судот рече дека неспроведувањето на неговата одлука е „без преседан и исклучително сериозно кршење на правото на ЕУ“.