Познатиот американски сериски убиец, кој во 60-тите години на минатиот век натера свои следбеници да убиваат луѓе, почина во болница на 83-годишна возраст, 48 години по no жртвите..
Во 1969 година, неговите следбеници од сектата, позната како „семејството Менсон“, убија седум лица.

Меѓу жртвите беше и сопругата на режисерот Роман Полански, Шарон Тејт, која беше во напредна бременост. Таа и четворица други лица еа прободени со нож во нивниот дом. Следниот ден, сектата уби и богат пар во Лос Анџелес.
Веста за смртта на Чарлс Менсон беше објавена од магазинот TMZ, кој цитирашеја сестрата на Шерон Тат, Дебра. Таа изјави дека добила повик од персоналот од затворот каде лежел убиецот.
Менсон верувал во ескалација на расната војна во САД,по која тој посакувал да се појави како лидер на новиот општествен поредок. Обвинителите тврдеа дека Менсон се надевал дека црни Американци ќе бидат обвинети за убиство, а тоа ќе ги зголеми расните тензии.
Чарлс Менсон кој имал имал издлабена свастика на челото ги убедува своите следбеници, дека е реинкарнација на Исус Христос, користејќи комбинација од дрога и генијална харизма, со кои го држел „семејството“ – претежно млади жени од средната класа – под контрола.

Менсон, лично, не убил никого, но неговите следбеници ги извршиле убиствата под негова команда.
Тој беше осуден за убиствата и осуден на смрт во 1971 година Но, пред да биде извршена егзекуцијата Калифорнија ја забрани смртната казна.
Менсон изгледаше кревка и навидум со нарушени свест за време на сослушувањата му во 90-тите години, пред одеднаш да престане физички да присуствува на сослушувањата. Сите негови барања за отпуштање завршиле со одбивање да го ослободат.
Тој беше сослушуваан неколку пати во врска со барањето да биде ослободен. Првото барање беше во ноември 1978 година, само седум години откако беше осуден за неговите злосторства.
На Менсон за последен и по 12 пат му беше одбиено барањето за помилување на 11 април 2012 година Следното било закажано за 2027 година, кога убиецот ќе имаше 92 години.





