Украинците со западни ракети урнаа клучен мост во Курск – загинале волонтери

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Украина употребила западни ракети, најверојатно американски ХИМАРС, при вчерашното уништување на мостот над реката Сејм во Курската област.



Таа на Телеграм напиша дека се убиени волонтерите, кои помагале при евакуација на цивилите. Захарова истакна дека одговорните за нападот ќе бидат строго казнети.

Украинската армија на 6 август ја нападна руската Курска област.