Руската противвоздушна одбрана уништи најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано утринава градоначалникот на руската престолнина, а воздухопловните власти соопштија дека ги приземјиле летовите на два аеродроми кои го опслужуваат градот.
Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека беспилотните летала биле соборени над областите Раменское и Домодедово во московскиот регион.
И двете области се наоѓаат на околу 40 до 50 километри јужно и југоисточно од Кремљ.
Во текот на утрото руските власти признаа дека во нападот има штети и жртви.
Најмалку едно лице загина, а три се повредени, соопштија локалните власти.
Регионалниот гувернер Андреј Воробјов изјави дека жртвите загинале во градовите Видноје и Домодедово, недалеку од главниот град. Оштетени се седум стана во станбената зграда.
Руската авијација соопшти дека летовите на аеродромите Жуково и Домодедово биле приземјени поради безбедноста на воздухот по извештаите за нападите.
Немаше коментари од Украина.
На снимката која утринава се шири на Х се гледаат низа експлозии во градот. Иако не е потврдено дека се работи за Москва,.
https://twitter.com/i/status/1899302276092612733
Нападите се случија во прессрет на денешните разговорите закажани меѓу делегациите на САД и Украина во Саудиска Арабија. Американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц треба да се сретнат со украинскиот советник за национална безбедност, министерот за надворешни работи и министерот за одбрана.
Шефот на претседателскиот кабинет на Зеленски, Андриј Јермак, рано утрово изјави дека украинскиот тим „се подготвува за работа“.
„Ќе ги заштитиме украинските интереси, ќе имаме јасна визија за ставање крај на војната и ќе работиме ефикасно со нашите американски партнери“, напиша тој на Телеграм.





