Украински напад врз Москва со 32 беспилотни летала (ВИДЕО)

 

Поради нападот, два од главните аеродроми во руската престолнина беа привремено затворени, соопштија руските власти а пренесе Ројтерс..



Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека беспилотните летала се уништени во областите Раменское и Коломенски, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва.

Русија во текот на ноќта собори 32 украински беспилотни летала насочени кон Москва, изјави во неделата градоначалникот на градот, што е најголемиот напад врз главниот град откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина во 2022 година, јави Moscow times.

Гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов во својот канал Телеграм напиша дека две куќи во селото Становоје се запалиле во Раменскоје откако паднале беспилотните летала.

Според началникот на округот, 52-годишна жена …

Руската Федерална агенција за воздушен транспорт („Росавијација“) објави дека со цел да се обезбеди безбедност на летовите, привремено се воведени ограничувања на аеродромите Шереметјево, Домодедово и Жуковски, со почеток во 08:30 часот по московско време. Не беше прецизирано колку долго ќе траат ограничувањата.