Украинската пошта наскоро ќе продава – колбаси

Така компанијата „Укрпошта“ намерава да ги зголеми своите приходи, изјави извршниот директор на операторот Игор Смиљански пренесувапорталот Кyiv1.



Поради намалувањето на бројот на пензионери во земјата, поштите губат пари: досега, разнесувањето на пензиите изнесуваше до 25% од приходите на компанијата.

Смиљански смета дека има план како да ги зголеми приходите.

Годинава поштите ќе го намалат персоналот за 13 отсто и ќе отворат сопствена банка, аптека, мобилна апликација и ќе купат електрични скутери за да го удвојат својот удел на пазарот на пратки, каде лидер е компанијата „Нова пошта“.

Но, најнеочекуваната иновација е продажбата на колбаси во пошти.

„Укрпошта“ веќе има потпишано договор со компанијата МХП за продажба на нивните колбаси, вели Смиљански.

Засега се работи само за тест.

„Ја купивме првата серија колбаси што ќе ги понудиме во поштенската мрежа. Овој дел од нашата стратегија е поддршка за украинските производители, а за МХП – начин да се намалат нивните логистички трошоци“, вели Смиљански.