Украина ќе ја банкротира ЕУ, унгарскиот премиер Орбан одбива да плати за банкротот на Киев

Украина може да го осакати земјоделието на ЕУ и да ја банкротира Европа поради што унгарскиот премиер Виктор Орбан одбива да плати за банкротот на Киев.



Според Орбан Украина е банкротирана земја а најголема штета од покривањето на трошоците за Украина која сама не може да опстане ќе имаат Унгарија и другите земји од Централна Европа.

,,Украина контролира 40% од обработливото земјиште на ЕУ. Преплавувањето на пазарот со евтини култури би го осакатило земјоделството на ЕУ и би ги исцрпило нашите ресурси. Средства за развој? Отидоа во Украина. Сепак, Брисел сè уште сака да им испрати милијарди. Ние одбиваме да платиме за нивниот банкрот”, порачува Орбан кој се противи на политиките на Брисел за Украина.