Украинските сили уништиле противвоздушна одбрана во Русија, „најверојатно“ со ракетниот систем „Химарс“ испорачан од Америка, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW).
Погодена била руската противвоздушна одбранбена батерија С-300/400 во Белгородската област на 1-ви или 2-ри јуни, се вели во соопштението, пренесе „Гардијан“
Во него се додава: „Руски извори се повеќе тврдат дека украинските сили го користат Химарс за да ја нападнат Белгородската област, откако САД делумно ги укинаа ограничувањата на можноста на Украина да користи оружје обезбедено од САД за да напаѓа воени цели во руските погранични области со областа Харков.
Руските извори најверојатно ќе продолжат да го карактеризираат секој успешен напад во Белгородската област како напад на Химарс, без оглед на системот што се користи“.
Рускиот систем се наоѓаше на околу 60 километри од линијата на фронтот во северната област Харков и над 80 километри од градот Харков, соопшти ISW.






