Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Москва досега, изјави градоначалникот на градот, Сергеј Собјанин, при што руските единици за противвоздушна одбрана уништија 11 беспилотни летала кои летаа кон главниот град.
Дел од беспилотните летала се уништени над градот Подолск, изјави градоначалникот.
Градот во московскиот регион се наоѓа на околу 38 километри јужно од Кремљ.
„Ова е еден од најголемите обиди за напад на Москва со помош на дронови досега“, објави Собјанин на утрово на Телеграм.
Системите за противвоздушна одбрана вечерва соборија 45 украински беспилотни летала над регионите Москва, Брјанск, Белгород, Калуга и Курск, соопшти руското Министерство за одбрана.






