Руското Министерство за одбрана вчераутро соопшти дека пресретнало украински напад со десетици ракети истрелани од територијата на Украина од чешки ракетни системи RM-70 Vampir MLRS кон Белгород.
Украинските сили користат „вампири“ уште од првите денови на војната.
Тоа се стандардни артилериски системи кои често се користеле во прекугранични напади, вели Марина Мирон, соработник на Одделот за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон.
Системите се користат за „концентрирани рафали“, лансирање до 40 ракети за помалку од една минута, рече таа за Newsweek.
Тие обично се користат за напад на воена опрема или војници, а не за статични цели.
„Вампирот“ е надграден на шасија на камион, што му овозможува на системот брзо да ја напушти позицијата за гаѓање пред непријателот да го лоцира и да возврати, рече Мирон.
Украина веројатно повеќе го користи „вапири“ во последните неколку недели поради недостиг од артилериска муниција од 155 милиметри.
Vampire MLRS користи муниција од 122 mm.
„Може да се претпостави дека Украина има повеќе гранати од 122 милиметри, поради што многу се потпира на вампирите“, рече Мирон.






