Украина да отстапи територии за мир, вели Столтенберг

Ова денеска го изјави поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изразувајќи уверување дека привременото отстапување територии на Русија ќе биде опција за брз крај на украинската војна.



„Потребна ни е линија за прекин на огнот и, се разбира, идеално, таа треба да ги покрива сите територии кои Русија во моментов ги контролира, но гледаме дека тоа не е многу реално во блиска иднина.

Украина би можела привремено да отстапи дел од своите територии за ова цел“, рече тој.

Столтенберг изјави и дека е важно владата во Киев да добие безбедносни гаранции во замена за привремени отстапки на територија.

Според него, тоа би можело да биде членство во Алијансата, но има и други начини за вооружување и поддршка на Украинците.