Украина воведува еднојазичност – нема школи за малцинствата

Врховната Рада на Украина, минатата недела ја одобри новата верзија на Законот за образование, според кој, часовите на јазиците на националните малцинства, на кои им припаѓа и рускиот јазик, од следната година ќе останат само во основните училишта.



Попрецизно, по петтото одделение, сите ученици во украинските училишта ќе учат на укрински јазик, пренесуваат руски и унгарски медиуми.

Украинските власти имаат намера да ги елиминираат часовите за учениците кои припаѓаат на националните малцинства од 2020 година, а образованието во Украина ќе се изведува  само на украинскиот јазик.

По обоената револуција во 2014 година и свртување кон Запад, како ипо  руското припојување на Крим, односите на Украина и Русија, двете некогашни „братски“ републики од некогашниот СССР значително се влошија, а на истокот на Украина каде претежно живеат Руси, дојде до конфликт и прогласување на сепаратистичките републики Доњецк и Луганск.

Руското население во Украина е целосно лишено од изборот на јазик во образованието, а реакции стигнаа и од Унгарија.

„Украина и заби нож в грб на Унгарија со измените на законот со кои се кршат правата на унгарското малцинство“, изјави шефот на дипломатијата на унгарија, Петер Сијарто.

Украинскиот политиколог и претседател на Центарот за анализи и предвидувања на системот, Ростислав Ищенко, објасни дека со новиот закон Украина ги прекршува своите меѓународни обврски, обврски кон Европа на прво место, иако најголемиот сон на Украина е да се приклучи кон Европската унија.

И поранешните балтички држави Летонија, Литванија и Естонија воведоа рестрикции за малцинските јазици, особено рускиот, иако малцинствата сочинуваат и над 30 отсто од популацијата. Услов за признавање на статусот државјанин, во Естонија на пример, е познавање на естонскиот јазик.