Српски медиуми откриваат дека две лица со возило удриле во двегодишната Данкакоја десетина дена се водеше како исчезната, а потоа за до прикријат делото – ја ставиле во багажникот од возилото и ја фрлиле на дива депонија.



Криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот, пишува Б92.

„С.Ј. е осомничен дека со службеното возило „фиат панда“ на улица „Радомир Путник“ удрил во пешак, двегодишно девојче , и ја убил.

Заедно со колегата Д.Д., телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија во близина на градот, каде телото било фрлено на десната страна од патот“, вели извор близок до истрагата, пишува Информер.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело.

По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Претпладнево претседателот Александар Вучиќ ја соопшти старвичната вест:

„Имаме лоши вести за детето од Бор, за малата Данка Илиќ. Полицијата приведе две лица кои го извршиле убиството на малата Данка. Признале дека ја убиле. Сега ја носат полицијата таму каде што ја закопале… “