„Ужасно. Еден конфликт во Босна беше доволен“: Петифер за албанското знаме над џамијата во Оризарe

Британскиот професор Џејмс Петифер реагира на Твитер за поставувањето огромно албанско знаме меѓу минарињата на џамијата во кумановското село Оризарe.



„Ужасно. Еден конфликт во Босна беше доволен“, вели професорот по балканска историја на колеџот „Светиот крст“ (Сент Крос) во Оксфорд за националниот симбол на Албанците над исламскиот верски објект во родното село на Исмет Јашари, познат како „Командант Куманова“, загинат во борбите со српската војска на Косово во 1998 година.

Поврзана содржина Веќ видена комбинација која може да донесе хаос
Ван ден Берг за албанското знаме над џамијата во Оризаре: Национализам и религија = отровна комбинација