УЕФА покрена истрага против албанскиот репрезентативец Даку, кој ги опцу Македонците

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) синоќа соопшти дека покренала истрага за недоличното однесување на албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, кој по натпреварот со Хрватска преку мегафон ги поттикна навивачите на неговиот тим во Хамбург да ги пцујат Македонците.



„Во врска со натпреварот од групната фаза на Европското првенство УЕФА 2024 помеѓу репрезентативните тимови на Хрватската фудбалска федерација и на Албанскиот фудбалски сојуз одигран на 19 јуни 2024 година во Хамбург, Германија, отворена е истрага во врска со наводното недолично однесување на играчот на Албанскиот фудналски сојуз, г-дин Мирлинд Даку“, соопшти именуваниот етички и дисциплински инспектор на УЕФА.

Казна за со ништо непредизвиканото навредување на македонскиот народ од Даку претходно побара Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).