УЕФА го прогласила за меч од висок ризик првиот натпревар од 3. квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу Вардар и Копенхаген. Тој се игра на 25. јули од 20 часот на Филип втри стадионот во Скопје, а дописот од УЕФА веќе стасал во канцеларијата на македонскиот шампион.



Причина за ваквиот потег и приод од страна на УЕФА се инцидентите кои се случија на реванш дуелот со Малме минатиот вторник во Струмица, па затоа следниот настап на црвено црните ќе биде под засилен мониторинг. Во Вардар се свесни за можните ригидни санкции при евентуални нови проблеми и затоа најљубезно ги замолуваат своите приврзаници.

“Уште еднаш апелираме на фер и коректно навивање без навреди и национализам. Заштитете го тимот од дополнителни санкции од УЕФА, која што ни овозможи да го играме овој натпревар на нашиот стадион”, апелираат од ФК Вардар.