И покрај тоа што угинала пред неколку денови, постоел обид тоа да се скрие, а утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата, дознава порталот „Скопје1



Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката.

Откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот.

Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла.

Од раководството на скопската Зоолошка градина за овој случај не се објави ниту збор, како што во минатото правеа кога починаа жирафите.

Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста, ниту зошто тоа се крие од јавноста.

https://www.instagram.com/reel/C-XCSUYB8Os/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading