Би-Би-Си ја отстрани рекламата „Doctor Who Children In Need “ во која се појавува Аксел Рудакубана, 17-годишникот обвинет за убиство на три девојчиња на час по танц.



Во сега избришаната реклама од 2018 година за добротворната организација, Рудакубана е главен лик на британската научно-фантастична телевизиска серија Doctor Who.

Тинејџерот бил ангажиран преку агенција за кастинг и немал никаква врска со проектите Children In Need.

„Ние им изразуваме најдлабоко сочувство на сите погодени од овој шокантен случај и го отстранивме видеото од сите наши платформи поради почит кон нив“, рече портпаролот на добротворната организација Би-Би-Си.

17-годишникот е обвинет за убиство и обид за убиство по масовно прободување со нож во Саутпорт.

Убиени беа три деца, шестгодишната Бебе Кинг, седумгодишната Елси Дот Стенкомб и деветгодишната Алис Дасилва Агиар.

Рудакубана во четвртокот се појави на суд на Ливерпул, откако судот одлучи да го објави неговиот идентитет.

Случајот предизвика протести низ повеќе градови во Англија.