Едно лице е убиено со повеќе убоди од нож во инцидент кој вчера вечерта се случил пред поликлиниката во Железара.
-На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Според дел од медиумите кој се повикуваат на полициски извори станува збор за матичен доктор на кој се уште непознат сторител му нанел 9 убоди со нож од кои тој починал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






