Убиен генерал во Москва

Шефот на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), генерал-полковник Игор Кирилов, рано утринава загинал откако во моментот додека излехувал од станбена зграда експлодирала направа скриена во  електричен скутер оставен на влезот во станбена зграда, соопшти рускиот истражен комитет, пишува Гердијан.



Се додава дека во експлозијата загинал и помошникот на Кирилов, пишува Би-Би-Си.

Во октомври, Британија воведе санкции против Кирилов, тврдејќи дека тој ја надгледувал употребата на хемиско оружје во Украина и дејствувал како „значаен портпарол за дезинформациите на Кремљ“.

Во понеделникот, украинската тајна служба, СБУ, го обвини во отсуство, објавувајќи на Телеграм дека е „одговорен за масовна употреба на забрането хемиско оружје“.