Бурим Идризи од Скопје, роден во 1993 година е жртвата на убиството што вечерва околу 18 часот се случило во скопската општина Чаир.
Полицијата која што е присутна на местото на настанот сеуште не ги открива мотивите за убиството.
Во Идризи било пукано од огнено оружје по што тој веднаш им подлегнал на повредите.
Ова е втор инцидент во Чаир за околу еден месец во кој има човечки жртви.





