Вчера во 10:28 часот во Полициската станица Струмица, полицијата го привела А.Б. (52), полицаец, кој е осомничен дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„На 30.04.2025 година, во службена просторија на СП во Струмица, каде што биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да биде празен, А.Б. испукал еден куршум со оружјето.
За настанот беа информирани началникот на Управата за внатрешни работи Струмица, Одделот за внатрешна контрола, кривични истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал во Скопје.
По документирањето на случајот, против А.Б. „Ќе биде поднесен соодветен извештај“, велат од Министерството за внатрешни работи.






