Полицајци уапсија маж во Бремерхавен во неделата, кој претходно се заканувал со напад со нож на божиќниот пазар во тој германски град, јави „Bild“.
Во видеото на TikTok мажотнајави дека ќе оди на 25 декември и дека со нож ќе го избоде секој што „изгледа арапски или јужњаччки“ .
„Ова не е шега“, продолжи човекот.
Откако видеото се раширило на социјалната мрежа, мажот бил приведен, а од полицијата соопштиле оти нема никаква опасност за населението.
Оваа вест доаѓа откако 50-годишен маж во петокот влета со автомобил во толпа на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет лица, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а рани 200 други.
Петмина загинати, над 200 повредени по синоќешниот напад со автомобил во Магденбург






