Уапсен Израелец вмешан во трговија со органи во Косово

Моше Харел e уапсен во Кипар под обвинение дека бил вмешан во скандал поврзан со трговија со човечки органи во Косово пред десет години.



Тој барал луѓе кои имаат потреба од трансплантација на бубрези и дека во Косово привлекувал донатори на органи од Турција и земјите од поранешниот Советски Сојуз, на кои им ветувал по 12.000 евра но некои од донаторите никогаш не добиле пари.

Ројтерс тврди дека примателите на органи, претежно Израелци, плаќале меѓу 80.000 и 100.000 евра.

„Осомничениот М. Х. беше уапсен пред неколку дена во Кипар врз основа на меѓународна потерница. Тој бил на листата на барани од 2010 година“, изјави за Ројтерс портпаролот на косовската полиција, Баки Келани.

Се тврди дека скандалот со трговија на органи бил откриен во 2008 година, кога турски државјанин беше запрен на аеродромот во Приштина, откако имал видливи болки предизвикани од операцијата за отстранување на бубрег.

Ројтерс пишува дека синџирот на трговија со органи функционирал со помош на клиниката „Медикус“ во предградието на Приштина, чиј директор уролог Љутфи Дервиши во 2013 година бил осуден на осум години затвор за организиран криминал и трговија со човечки органи, додека неговиот син Арбан  добил седум години затвор, но и двајцата се во бегство.

Ројтерс потсетува дека, во посебен случај, вниманието околу трговијата со човечки органи во Косово се зголемила откако специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти во 2010 обвини борци на ОВК, кој агенцијата ги нарекува герилски борци на косовските Албанци, дека земале органи од затвореници, главно Срби, пишува Б92, за време на војната во Косово во 1998 и 1999 година.