Уапсен директор на здравствена установа, барал 20 илјади евра за прием на пациент

Здравствени и полициски извори потврдуваат дека директор на тој заедно со посредник, барале и примиле поткуп од 20.000 евра.



Според засега неофицијалните информации станува збор за Мухсин Арифи, директор на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје.

Како што се дознава, тој заедно со посредник, барале и примиле поткуп од 20.000 евра.

Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.