Шефот на руската тајна служба го информирал Путин дека се уапсени четворица терористи вклучени во нападот, а вкупно 11 се приведени, пренесе РИА Новости.
Претходно рускиот претставник напиша дека двајца се уапсени.
Двајца осомничени за кои се верува дека се вмешани во синоќешното пукање се уапсени по бркотница со автомобил, напиша пратеник во рускиот парламент.
„Реното во кое се возеле осомничените е откриено во текот на ноќта во областа Брјанск“, изјави Александар Хинштајн.
„Автомобилот не застанал на барање на органите на редот и се обидел да побегне, а при потерата пукале и автомобилот се превртел“, додаде тој.
Едниот осомничен е приведен на местото на настанот, додека другиот побегнал и бил уапсен околу 3:50 часот по локално време.
„Потрагата по другите продолжува“, рече тој. Тој исто така рече дека во автомобилот бил пронајден пиштол, магацин со муниција и пасоши на државјани на Таџикистан.
Руската тајна служба тврди дека четворица од уапсените терористи од масакрот во салата во Москва се обидувале да преминат во Украина. „По терористичкиот напад, криминалците имале намера да ја преминат границата меѓу Руската Федерација и Украина и имале релевантни контакти на украинската страна“, соопшти ФСБ, пренесуваат руските медиуми.
Најмалку 93 лица се потврдени мртви по синоќешниот напад за време на концерт во московската област, објавија руските истражители, а пренесуваат руските медиуми.
Но, бројот на загинати ќе биде поголем. Според првичните податоци, причините за смртта се прострелни рани и гушење од пожар“, се вели во соопштението.
Инспекторите додале дека напаѓачите користеле запалива течност за да ја запалат концертната сала додека луѓето се уште биле внатре.
Во моментов се водат повеќе видови истраги“, велат оттаму.
Во одвоено соопштение, руското Министерство за здравство соопшти дека најмалку четири деца се во болница.
Last night, a Renault car, believed to have been driven by the suspects, was discovered in the vicinity of the village of Khatsun of the Bryansk region. Alexander Khinshtein reported this incident.
According to him, the vehicle failed to comply with law enforcement requests to… pic.twitter.com/PiBEGez2vY
— Russian Market (@runews) March 23, 2024






