Извори од МВР за Плусинфо потврдуваат дека двајца припадници на Министерството за внатрешни работи и еден соработник на криминалната група, биле уапсени во синоќешната полициска акција.
Неофицијано, дознава порталот, тие биле „фатени“ на „Скај“ комуникација, која се смета за клучна во откривањето на криминалната група Грчец, предводена од Шеваљ Муареми, кој сè уште е во бегство.
Според извори на „Плусинфо“, приведените поради кривичните дела злосторничко здружување, оддавање на службена тајна, попречување на правдата, како и за против правно стекнување и прикривање имот.
Според Плусинфо, се подготвува официјалното соопштение и ќе биде објавено наскоро при што ќе бидат познати сите детали за оваа акција.






