Завчера по полноќ полицијата уапсила двајца нелегални превозници кои сакале да транспортираат осум мигранти од Иран, Ирак, Пакистан и Турција.
Станува збор за македонските државјани од Кичево – Б.А. (41) и А.Н. (39) кои кај местото Мечкин Камен – Гевгелија биле спречени од полицајците и однесени заедно со осуммината мигранти во полициска станица.
Полицијата работи на случајот.





