Уапсена 22 годишна чаирчанка, дома ѝ нашле марихуана

Полицијата уапси 22-годишна скопјанка откако полицијата при рацијата во нејзината куќа во Чаир вчера пронашла марихуана.



„На 12.02.2025 година во 22:40 часот во Чаир, полициски службеници од СВР-Скопје ја привеле В.К. (22) од Скопје.

При упадот во нејзината куќа и други простории, извршен со судска одлука, пронајдени и одземени се три вреќи марихуана и еден куршум“, велат од МВР.