Уапсена мајката која ја остави 3-годишната ќерка во реката Сава

Продолжува потрагата по тригодишното девојче по кое два дена се трага во реката Сава во Загреб.



Спасувачките тимови, вклучително и полицијата, пожарникарите, ХГСС и Хрватскиот Црвен крст, го пребаруваат текот на реката користејќи чамци, дронови и подводни скенери.

Полицијата ја исклучи можноста да се работи за несреќен случај, а 34-годишната мајка на девојчето вчера официјално е уапсена и осомничена за кривично дело тешко убиство на блиско лице.

Сопругот бил сослушан и во полиција.

Шансите да се преживее во студената река се минимални, но сепак денеска речиси 100 луѓе на подрачјето на градот Загреб и Загребската жупанија трагаат по тригодишното девојче.

Лансирани се дронови, чамците се во Сава, а како опрема се користат и квадрици и џет скии. Во потрагата учествуваат полиција, пожарникари, ХГСС и Црвениот крст.