Познатиот балкански десерт од варени јаболки со сируп, шлаг и ореви е нешто што важи за врвен десерт. Многумина го сметаат за најслаткото нешто на светот.
Потребни состојки :
-4 јаболки
-4 лажици мед
-150 грама мелени ореви
-150 милилитри павлака
-1 пакетче шлаг пена
-1 пакетче ванилин шеќер
-1 лажиче цимет

Начин на подготовка:
Јаболките се мијат и се длабат од горната страна, но се внимава да не се продупчат.
Се мешаат медот, мелените ореви, павлаката,ванилиниот шеќер и се полнат.
Се печат во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.
Во меѓувреме се мати шлаг пената и се става-декорира врз ладни јаболка.