На конференцијата организирана во Клуб на иселениците од балканските простори, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порачал дека Турците и Македонците се браќа и оти Турција секогаш ќе стои зад Македонците.
„Тоа што сме го заборавиле во 1912 година сега можеме да го поправиме“, рекол Ердоган, според кој Грција ја блокира Македонија да влезе во НАТО поради името, но Турција секогаш ќе биде до Македонија и нема да дозволи да се менува името.
„Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија, поради тоа што Грција не е во право“, рекол Ердоган, како што пренесува „Нетпрес“.
„Македонија секогаш ќе остане Македонија“, изјавил шефот на турската држава вчера на конференцијата пренесувана од Турска радиотелевизија (ТРТ).





