„Старите структури на ДУИ се активираа пред парламентарните избори на 8 мај. Од извори во партијата се дознава дека има голема конкуренција за позицијата носител на листата во втората изборна единица.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Старите структури во ДУИ со барање кон Али Ахмети за носител на листа“.
ТВ 21 пишува: Интерес да бидат носител на листата во втората изборна единица пројавиле Садула Дураку и Ејуп Алими. Други кандидати за носител на листа во оваа изборна единица се и Арбер Адеми и Илир Хасани.
Според истиот информативен избор, како кандидат на листа во првата изборна единица се спомнуваше Бујар Османи, кој е сега веќе кандидат за претседател на државата, а како втора можност е и Талат Џафери. Амбиција да биде носител на листа во првата изборна единица искажал и Блерим Беџети.





