Туристка од Полска силувана од азиланти во Италија – Варшава бара да им суди

Осомничени се 20-годишен барател на азил од  Конго, двајца браќа од Мароко на возраст од 15 и 17 години кои се родени во Италија и 16-годишен Нигериец.



Полска бара екстрадиција  на четворицата осомничени за силување на туристката која била силувана во италијанското одморалиште Римини, изјави полскиот заменик-министер за правда Патрик Јаки.

Четворицата, исто така, наводно ја силувале и една Перуанка во истата ноќ во посебен инцидент.

Не е јасно дали Италија ќе се согласи за екстрадиција.

Тој рече дека силувачите треба да се соочат со многу високи казни како пример, бидејќи казната треба да биде превентивна и да ги натера другите да мислат седум пати пред да се обидат да извршат такво злосторство.