Трудо: Нема шанси Канада да стане дел од САД

Канада остро реагираше на изјавите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за нејзино можно спојување со САД.



Трамп одново „ја кани“ Канада да стане дел од САД

Нема теоретски шанси Канада да стане дел од САД. Работниците во заедниците на двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери“, изјави премиерот Џастин Трудо, кој пред неколку дена изјави дека ќе поднесе оставка пренесе Би-Би-Си.

Протестираше и канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли, која се смета за една од потенцијалните наследници на Трудо.

„Отава никогаш нема да отстапи пред заканите упатени од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп“, рече таа.

Причина за реакциите беа заканите на Трамп дека ќе воведе дополнителни царини за Канада и Мексико.

„Коментарите на новоизбраниот претседател Трамп покажуваат целосно недостиг на разбирање за тоа што ја прави Канада силна…Никогаш нема да отстапиме пред заканите“, напиша Џоли во објава на социјалната мрежа Х.